Одри Хепберн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Одри Хепберн (англиски: Audrey Hepburn; 4 мај 1929 — 20 јануари 1993) — англиска глумица со белгиско потекло, добитничка на наградата „Оскар“, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.
Одри Хепберн | |
---|---|
Одри Хепберн во 1961 година | |
Роден(а) | Одри Кетлин Растон |
Други имиња | Еда фан Хемстра |
Активен | 1948 — 1989 |
Висина | 1,70 м |
Сопружник | Мел Ферер (1954 — 1968) Андреа Доти (1969 — 1982) |
Израсната во Арнем, Холандија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втора светска војна, напорно тренирала балет пред сосема да се посвети на глумецството. Најпрво била забележана како Жижи во истоимената театарска претстава на Бродвеј од 1951 година. Филмското деби го имала како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добила својот единствен „Оскар“. Таа била една од најпознатите глумици во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати била номинирана за „Оскар“. Меѓу номинациите, особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во филмот Појадок кај Тифани од 1961 година. Во 1964 година, Хепберн ја играла Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во филмот Мојата убава дама, кој претставува адаптација на Шоовата драма Пигмалион.
Од 1988 до нејзината смрт во 1993 година, Одри Хепберн биал Амбасадор на Добрата Волја при УНИЦЕФ и била наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Во 1999 година, таа била прогласена за третата најголема глумица на сите времиња, според Американскиот филмски институт во нивниотсписок АФИ 100 години... 100 ѕвезди.