Ол Доињо Ленгаи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ол Доињо Ленгаи — активен стратовулкан, најмладиот во планинскиот масив Вирунга, еден од бројните активни и заспани вулкани, расфрлани по должината на Источноафриканскиот расед. Вулканот се наоѓа во Северна Танзанија над алкалното езеро Натрон, на 160 километри од Килиманџаро и на 70 километри од границата со Кенија. Од неговиот врв често се слушаат експлозии, што потврдува дека вулканот е во активна фаза. Ол Доињо Ленгаи е еден од најпознатите вулкани на планетата со единствена според вид на лава. Тој е исклучително непредвидлив, а квалитетите на лавата често ги збунуваат вулканолозите од целиот свет.[2]. Масаите вулканот го нарекуваат „Божја планина“ или „Планина на црниот бог“[3][4]
Кратки факти Ол Доињо Ленгаи, Највисока точка ...
Ол Доињо Ленгаи | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3,188 м [1] |
Координати | 02°45′52″S 35°54′58″E |
Географија | |
Матичен венец | Источноафрикански расед |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 2011 до 2013 |
Искачување | |
Најлесен пат | Scramble |
Затвори