Остроклун кит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Остроклуниот кит (Balaenoptera acutorostrata) е најмалиот вид браздести китови (Balaenoptera), односно китови што имаат растеглив, набран хранопровод. Ова е исто така најмногубројниот вид, со вкупен број од дури еден милион единки. Како својот многу поголем сродник, синиот кит, и овој вид има тело во облик на торпедо, со една грбна перка што се наоѓа одзади кон опашката. Од горната страна тој има сива или кафеава боја, а одозгора има посветла боја. Понекогаш на кратките шилести перки се наоѓа по една бела лента. Остроклуните китови живеат сами или во мали групи. Тие се природно љубопитни и редовно им приоѓаат на бродовите. Јадат мали риби и плактонски животни, а, како и другите браздести китови, главно се хранат во области со студени води. Во текот на сезоната на размножување јадат многу помалку, а тогаш се селат во тропските води. Остроклуниот кит е единствениот кит браздан што сè уште се лови во комерцијални цели, и покрај мораториумот што го почитуваат повеќе држави членки на Меѓународната комисија за ловење китови (IWC)[1].
Остроклун кит | |
---|---|
Остроклуниот кит | |
Во споредба со просечен човек | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Поткласа: | Eutheria |
Ред: | Китови |
Подред: | Беззаби китови |
Семејство: | Balaenopteridae |
Род: | Balaenoptera |
Вид: | B. acutorostrata |
Научен назив | |
Balaenoptera acutorostrata Lacepede, 1804 | |
Распространетост на остроклуниот кит |