Парапет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Парапет — бариера што се јавува на работ од кров, тераса, балкон, коридор и слично. Зборот потекнува од Италјанскиот збор parapetto (parare "да покриеш/ одбраниш" и petto "гради"). Кога се наоѓа над кровот парапетот може едноставно да биде продолжение од ѕидот под него, да има улога на противпожарен ѕид или Архитектонски орнамент. Првичната намена на парапетот била да го заштити објектот од воени напади, додека денес се користи како заштитна ограда и за заштита од пожари.