Пежо тип 1
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пежо тип 1 (француски: Peugeot type 1) – првиот модел на автомобил произведен и комерцијализиран од Арман Пежо, основачот на фабриката за автомобили Пежо. Се произведувал од 1886 до 1890 година.
Кратки факти Произведувач, Познат и како ...
Произведувач | Пежо |
---|---|
Познат и како | Пежо 1 |
Производство | 1886–1890 (64 возила) |
Склопување | Франција |
Наследник | Пежо тип 2 |
Вид каросерија | визави |
Мотор | Двоцилинцричен мотор на пареа 4-6 КС |
Затвори
Пежо тип 1 бил еден од првите индустриски произведени моторни возила. Дизајнот бил на Леон Серполе, а првпат било претставено во 1886 година. Возилото било со три тркала, било опремено со парен котел на нафта и едноцилиндричен мотор со валчести вентили и коленеста оска. Моќноста на триколката произведена во 1899 година била околу 5 КС со 4 цилиндри и постигнувал максимална брзина од околу 25 километри на час.[1][2]