Попокатепетл (вулкан)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Попокатепетл — активен стратовулкан кој се наоѓа во државите Пуебла и Морелос, Мексико, и лежи во источната половина на Трансмексиканскиот вулкански појас. Со 5,426 метри (17,802 стапки)[4], тоа е втор највисок врв во Мексико, по Орисаба со 5,636 метри (18,491 стапки).
Попокатепетл | |
---|---|
Попокатепетл | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5426 м [1] |
Истакнатост | 3020 м [2][3] |
Заведена како |
|
Координати | 19°01′20″N 98°37′40″W |
Географија | |
Место | Мексико-Пуебла-Морелос |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 2005 до 2017 (во тек)[4] |
Името Попокатепетл доаѓа од зборовите на ацтечки јазик: popōca кое значи „чад“ и tepētl кое значи „планина“.
Тој е поврзан со вулканот Изтачкухуатл на север со високо планинско седло познато како Пасо де Кортес[5].
Попокатепетл се наоѓа на 70 километри југоисточно од Град Мексико, од каде што може слободно да се гледа, во зависност од атмосферските услови. До неодамна, вулканот бил еден од трите високи врвови во Мексико кои содржат ледници, другите се Изтачкухуатл и Орисаба. Во 1990-тите години, северните ледници во голема мера се намалиле, делумно поради потопли температури, но главно поради зголемена вулканска активност[6]. До почетокот на 2001 година, ледниците на Попокатепетл исчезнале. Мразот останал на вулканот, но повеќе не ги прикажува карактеристичните својства на ледниците како што се ледниковите пукнатини[7][8].
Лавата која еруптирала од Попокатепетл, историски била андезитска, но исто така избувнале и големи количини на дацит. Магмата произведена во тековниот циклус на активност има тенденција да биде мешавина од двете[9].