Прва фудбалска лига на СР Југославија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прва фудбалска лига на СР Југославија била највисоката фудбалска лига во СР Југославија, и била организирана од страна на Фудбалскиот сојуз на Југославија.
Кратки факти Земја, Конфедерација ...
Земја | СР Југославија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1992 |
Згасната | 2003 |
Заменета од | Прва лига на Србија и Црна Гора |
Број на клубови | од 10 до 21 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Втора лига на СР Југославија |
Домашен куп | Куп на СР Југославија |
Најмногу титули | Партизан (7) |
Затвори
Оваа фудбалска лига се играла од распадот на СФРЈ во 1991 до 2003 година, кога СР Југославија го променила името во Србија и Црна Гора. Првото првенство било одиграно во сезоната 1992-1993, а победник била екипата на Партизан. Вкупно биле одиграни 11 изданија на Првата фудбалска лига на СР Југославија, во кои најуспешен клуб бил Партизан освојуваќи 7 шампионски титули, Црвена Ѕвезда била шампион 3 пати и Обилиќ еднаш.