Претседателски избори во САД, 1788-89 — први претседателски избори во САД. Траеле од нивното започнување на 15 декември 1788 до сабота, 10 јануари 1789. Се одржале според нормите во новиот американски устав кој бил ратификуван во почетокот на 1788 година. Џорџ Вашингтон бил едногласно избран за претседател, а Џон Адамс станал првиот потпретседател на САД.
Кратки факти 69 изборни гласови на Изборниот колегиум 35 изборни гласови гласови за победа, Кандидат ...
Претседателски избори во САД, 1788–89
|
|
15 декември 1788 – 10 јануари 1789 |
→ 1972
|
|
|
69 изборни гласови на Изборниот колегиум 35 изборни гласови гласови за победа |
|
|
|
Кандидат |
Џорџ Вашингтон |
|
|
Партија |
Независен |
|
Матична држава |
Вирџинија |
|
Изборнички гласови |
69 |
|
Застапувани држави |
10 |
|
Добиени гласови |
43.782 |
|
Удел |
100% |
|
|
|
Мапа на резултатите. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. (Забелешка: Северна Каролина и Род Ајленд сè уште не го ратификувале уставот, законодавството во Њујорк било во „ќор-сокак“, а Вермонт била de facto непризната држава.) |
|
Затвори
Пред одржувањето на овие избори, во САД не постоела функцијата шеф на држава. Според Членовите за конфедерацијата усвоени во 1781, националната влада била раководена од Конгресот на конфедерацијата, која што имала церемонијален претседавач и неколку други извршни тела, но немала независна извршна власт.
На големо популарниот Вашингтон бил избран без никаква конкуренција. Единственото прашање било кој ќе биде изборот за потпретседател. Според Членот 2 од уставот на САД, секоја држава требала да избере број на избирачи еднаков на оној со претставници во Конгресот. Секој избирач имал два гласа. Кандидатот кој добил мнозинство од гласовите станува претседател исто како и потпретседателот. Сите 69 избирачи гласале еднаш за Вашингтон. Нивниот втор глас бил поделен помеѓу единаесет други кандидати од кои Џон Адамс добил најмногу со тоа станувајќи потпретседател. XII амандман на САД кој бил ратификуван во 1804 година, ја сменил оваа процедура, обврзувајќи ги избирачите посебно да ги даваат своите гласови за претседател и потпретседател.