Прополис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ако за време на ведар летен ден се открие пчелина кошница, може да се види темнозелена смолеста материја со која се залепени платно-покривачите на горните греди на саќните рамки. Тоа е пчелното лепило - прополис.
Инаку зборот прополис доаѓа од грчките зборови про, што значи пред и полис, што значи град. Тој назив доаѓа од тоа што пчелите со прополисот го стеснуваат влезот во пчелиниот град за сите несакани гости.
Со прополисот пчелите ги заѕидуваат пукнатините во кошницата, ги прицврстуваат гредите на рамките на жлебовите на својот восочен дворец, ги полираат ќелиите на саќето кои служат како складишта за мед и поленов прав, како и колевка за ларви. Со прополисот пчелите го обложуваат усмртените животинки кои продреле во кошницата (гуштери, змии и глувци) и на тој начин го спречуваат распаѓањето и трулењето на лешевите, па со тоа го спасуваат многубројното пчелино население во кошницата од непријатната реа и бактериската флора.