СС Лацио
From Wikipedia, the free encyclopedia
С.С. Лацио (италијански: Società Sportiva Lazio SpA) е италијански фудбалски клуб од Рим. Играат со светло-сини дресови, бели шорцеви и чорапи. Името Лацио е избрано откако основачите на клубот одлучиле дека со него сакаат да претставаат поголем дел градот во кој го стационирале истиот - Лацио е името на областа во која самиот град Рим е сместен. Небесно-сините и белите тимски бои се инспирирани од грчкото знаме, или подобро од земјата што е лулка на Олимписката традиција; орелот е придодаден како потврда на почитта на неговите основачи кон симболот на Римското Царство. С.С. Лацио е најстариот и најтрофејниот тим што се наоѓа во главниот италијански град.
Кратки факти Лацио, Целосно име ...
Лацио | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Сочета Спортива Лацио С.п.А. | |||
Прекар | Бјанкочелести (Бело и светлосини) Le Aquile (Орли) | |||
Основан | 9 јануари 1900; пред 124 години (1900-01-09), како Сочета Подистика Лацио | |||
Стадион | Стадион Олимпико | |||
Капацитет | 70,634[1] | |||
Сопственик | Клаудио Лотито (66.70%)[2] | |||
Претседател | Клаудио Лотито | |||
Тренер | Симоне Инѕаги | |||
Лига | Серија А | |||
2017–18 | Серија, 5-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Затвори
Денес, Лацио е еден од најголемите спортски клубови во Европа.