Салса (музика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Салса е различен, пред сè кубанско–карипски жанр, популарен низ латинска Америка и меѓу Латинците, кој се стекнал со меѓународна слава преку кубанските и порториканските музичари. Салсата вклучува многубројни стилови и варијанти. Терминот се употребува за опишување на речиси секоја форма на популарен жанр кој води потекло од Куба или Порторико, како што се ча ча ча (chachachá) и сон (Son). Сепак, салсата се однесува на одреден стил, развиен во 1960-тите и 1970-тите години од страна на Порториканци и Кубанци кои имигрирале во областа на Њујорк. Салсата се однесува и на неговите подоцнежни стилски потомци меѓу кои се вбројуваат салса романтика (salsa romantica) како и други подвидови. Овој стил сега се вежба низ латинска Америка и пошироко. Најблизу до салсата се кубанските сон и мамбо, кое се одликуваат со оркестар од раниот 20. век, како и латин џез (Latin jazz). Термините латин џез и салса понекогаш се употребуваат меѓусебно заменливо; многу музичари, особено изведувачите од пред 1970-тите се сметаат како дел од едниот (како Тито Пуенте, Еди Палмиери, Реј Барето меѓу другите) или пак како дел од двата правци.[1]
Салса | |
---|---|
Стилско потекло: | првични кубански ритми |
Културно потекло: | 1960-тите и 1970-тите г. како латинска мешавина во Њујорк |
Својствени инструменти: | пијано, конга, труба, тромбон, клејвс, клопотарец (инструмент), марака, дупли бас, тимпани, флејта, гитара/ бас гитара/кватро(инструмент), бонго, саксофон, тапани, вибрафон, гуиро, виолина |
Популарен: | Латинка Америка и модерно во САД |
салса еротика, салса горда, салса романтика | |
Претопени жанрови | |
чаранга-валената, меренгхаус, меренге музика, сонго-салса, рок-салса, валенато-салса, салсатон | |
Регионални сцени | |
Колумбија, Порторико, Куба, Јапонија, Мексико, Панама, Доминиканска Република, САД, Венецуела | |
Други теми | |
Салса танц |
Според стилот, салсата има кубанско потекло[2]. иако поседува и стилови помешани со поп, џез, рок и р’н’б[3]. Салсата е првичната музика која се свирела по латино клубовите и според Ед Моралес го претставува „суштинскиот пулс на латино музиката“[4]. Музичарот Питер Мануел пак ја именува како „најпознатиот танц (музика) меѓу порториканските и кубанските заедници (и во) средна и јужна Америка“ и како „еден од најдинамичните и најзначајните панамерикански музички феномени на 1970-тите и 1980-тите години“.[5] Модерната салса останува жанр, ориентиран на танцот и е во блиско сродство со стилот на салса танцувањето.