Самарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Самарија (хебрејски: שֹׁמְרוֹן, арап. السامرة) ― историскa област во Палестина, која на југ се граничи со Јудеја, а на север со Галилеја.[1][2] Историчарот од првиот век Јосиф Флавиј укажал дека на запад се протега до Средоземно Море и до долината на реката Јордан на исток.[2] Го опфаќа поголемиот дел од територијата на древното Кралство Израел, кое се наоѓало северно од Јудејското Кралство. Границата меѓу Самарија и Јудеја се наоѓала долж географската ширина на градот Рамала.[3]
Самарија | |
---|---|
السامرة, שֹׁומְרוֹן | |
Ридови во близина на урнатините на древниот град Самарија | |
Координати | 32°16′N 35°11′E |
Дел од | Западен Брег, Палестина |
Името „Самарија“ потекнува од античкиот град Самарија кој бил главен град на Кралството Израел.[4][5][6] Името Самарија најверојатно почнало да се користи како име за целото кралство набргу откако градот Самарија станал главен град на Израел, но во пишан извор за прв пат се спомнува по неговото освојување од Саргон II Асириски, кој кралството го претворил во провинција Самерина.[4]