Светско првенство во фудбал 1998 - група Ц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светско првенство во фудбал 1998 - група Ц била една од осумте групи во групната фаза на натпреварување на Светското првенство 1998. Натпреварите се одиграле од 12 до 24 јуни 1998 година. Учесници во оваа група биле домаќинот, Франција, како и Јужна Африка, Саудиска Арабија и Данска.
Матична статија: Светско првенство во фудбал 1998.
Франција и Данска од оваа група минале натаму, пласирајќи се во осминафиналето, а ЈАР и Саудиска Арабија го завршиле своето учество во групната фаза.