Сент Јакоб Парк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сент Јакоб Парк е фудбалски стадион во Базел, Швајцарија. Тој е најголемиот фудбалски стадион во Швајцарија и е дом на фудбалскиот клуб ФК Базел. Стадионот познат и под името "Јогели", како што е наречен од страна на месните жители, за првпат бил изграден со сместивост од 33.433 седишта. Сместивоста била зголемена на 42.500 за потребите на Европското првенство во фудбал во 2008 година, кое се одржа во Швајцарија и Австрија.[1] По завршувањето на Евро 2008 година, бројот на седишта била намалена, со што бил создаден поголем простор меѓу нив. Од таа причина сместивоста бил намален на 38.512 за натпреварите од Швајцарската Супер лига или 37.500 седечки места за меѓународните натпревари.[2] Максималната сместивост за концерти е до 60.000.