Систем за варење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Варење или дигестија претставува сложен физиолошки процес, каде што хранливите материи, под влијание на физичката и хемиската обработка се претвораат во форми погодни за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата. Механичка преработка на храната се состои во ситнењето, влажнењето, мешањето и растворање на нејзините состојки. Хемиска преработка се состои од сложен низ последователни процеси, до разложување на сложените молекули на јаглехидратите, мастите и белковините до попрости хемиски соединенија погодни за ресорпција и транспорт преку крвта и лимфата.