Слободна Држава Конго
From Wikipedia, the free encyclopedia
Слободна Држава Конго | ||||||
| ||||||
Држава на Личен сојуз со Кралство Белгија | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло француски: Travail et progrès (Работа и прогрес) | ||||||
Химна Vers l'avenir | ||||||
Главен град | Бома | |||||
Јазици | француски (де факто официјаллен), холандски, повеќе од 200 домородни јазици | |||||
Уредување | Апсолутна монархија | |||||
Суверенитет | ||||||
- | 1885-1908 | Леополд II | ||||
Гувернер-генерал | ||||||
- | 1885–1886 | франсис Волтер де Винтон (прв) | ||||
- | 1900-1908 | Теофил Вајс (последен) | ||||
Историски период | Нов империјализам | |||||
- | Основање | 1 јули[1] 1885 | ||||
- | Анексија на Конго | 15 ноември 1908 | ||||
Валута | франк | |||||
Денес во | ДР Конго | |||||
Слободна Држава Конго (француски: État indépendant du Congo, „Независна Држава Конго“, холандски: Kongo-Vrijstaat) — голема држава во Централна Африка која постоела во периодот од 1885 до 1908, и која била во личен сојуз со Кралство Белгија на чело со Леополд II. Леополд успеал да го осигури регионот убедувајќи ја европската заедница дека е вклучен во хуманитарна и филантропска работа и дека нема да оданочува преку трговија[2]. Преку Меѓународна асоцијација Конго, тој можел да побара поголем дел од територијата на Конго. На 29 мај 1885 година, кралот ја именувал својата нова колонија како Слободна Држава Конго. Државата вклучувала област што денеска се наоѓа во Демократска Република Конго.
Владеењето на Леополд во Конго на крајот било проследено со голем срам поради зголеменото малтретирање на домородните народи. Леополд од земјата ги користел слоновата коска, гума и минерали во горниот дел на Конго за продажба на светскиот пазар, иако неговата првична цел во регионот била да ги подигне месните жители и да ја развие областа. Под администрација на Леополд II, Слободната Држава Конго станала една од најголемите меѓународни скандали на почетокот на XX век. Извештајот на британскиот конзул Роџер Кејмент довел до апсење и казнување на бели службеници кои биле одговорни за убиствата за време на експедицијата за собирање гума во 1903 година.
Губењето на животот и злосторствата ги инспирирало на голем број писатели. Едно од најпознатите дела за тој период е Срце на темнината од Џозеф Конрад. Во текот на овој период, стапката на смрттност се зголемила.[3]. Проценките заклучуваат дека системот на присилна работа довел директно и индиректно на смртта на 20% од населението.[4]. За време на слободната пропагадна војна во Конго, европските и американските реформисти извршиле голем број на злосторства во Конго. До 1908 година, притисокот од јавноста и дипломатските маневри довеле до крајот на владеењето на Леополд II и анексија на Конго како колонија на Белгија. Голем број на големи белгиски инвестициски компании ја натерале на белгиската влада да го преземе Конго и да го развие рударскиот сектор, кој бил практично неискористен[5].