Софија
главен град на Бугарија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Софија (бугарски: София) — главниот град на Бугарија. Населението во Софија брои над 1,3 милиони жители, и метрополитенско население од 1,7 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во рамките на Бугарија.[2] Во 1879 година, Софиjа е избрана за престолнина на современата бугарска држава.
Кратки факти Софија София, Земја ...
Софија София | |||
---|---|---|---|
Главен град | |||
Гесло: Расте, но не старее (Расте, но не старее) | |||
Координати: 42°42′0″N 23°19′48″E | |||
Земја | Бугарија | ||
Област | Софија | ||
Општина | Столична | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Јорданка Фанд'кова (ГЕРБ) | ||
Површина | |||
• Главен град | 492 км2 (190 ми2) | ||
• Градска | 5,723 км2 (2,210 ми2) | ||
• Метро | 10,532 км2 (4,066 ми2) | ||
Надм. вис. | &10000000000000550000000550 м | ||
Население (2022)[1] | |||
• Главен град | 1 276 909 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Повик. бр. | (+359) 02 | ||
Регистарска ознака | C, CA, CB | ||
Мреж. место | sofia.bg |
Затвори
Софија се наоѓа во Софиската котлина во централниот дел на западна Бугарија. Опкружена е со планините Стара планина на север, Витоша на југ, Љулин на југозапад и Лозенска планина на исток. Просечната надморска височина на градот е 550 м. Низ градот тече реката Искар и нејзините притоки Бојанска, Перловска и Владајска река.
Софија е главниот административен, економски и културен центар на земјата.