Специја Калчо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Специја Калчо е италијански фудбалски клуб со седиште во градот на Ла Специја, Лигурија. Во моментов се натпреварува во Серија А, највисоката лига на италијанскиот фудбалски систем, откако во сезоната 2019-2020 за првпат во својата историја избориле промоција во највисокиот ранг победувајќи го Фрозиноне во финалето на плејофот во Серија Б.
Специја | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Специја Калчо | |||
Држава | Италија | |||
Основан | 10 октомври 1906; пред 117 години (1906-10-10) 1954 (реоснован) 1995 (реоснован) 2008 (реоснован) | |||
Локација | Ла Специја, Италија | |||
Бои | бела и црна | |||
Стадион | Албето Пико | |||
Капацитет | 10,336 | |||
Сопственик | Габриеле Волпи | |||
Претседател | Стефано Кизоли | |||
Тренер | Винченцо Италијано | |||
Лига | Серија Б | |||
2022–2023 | Серија А, 18-ти (испаѓање) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1906 година, а своите натпревари ги игра на стадионот Алберто Пико речиси низ целата своја историја. Корпоративните бои на клубот се белата и црната, па така и нивниот прв дрес е во бела боја, додека шорцевите и чорапите традиционално се во црна боја.
Тековниот клуб бил повторно формиран на 17 јули 2008, благодарение на градоначалникот на градот Масимо Федеричи и специјален комитет на градскиот совет составен од четири директори на главните политички групи на мнозинството и опозицијата (Паоло Асти од Форца Италија, Џакомо Гати на Националната алијанса, Џулио Гуери од Демократската партија и Масимо Ломбарди од Комунистичката партија ), со цел да се обезбеди континуитет на традицијата на фудбалот во градот и идеално преземање на диригентската палка на Специја Калчо. Втора цел на ‘’спасителите’’ на клубот била да создат стабилен тим кој ќе бележи добри резултати откако клубот влегол во многу неуспешна серија па на крајот на сезоната 2007-08 на Специја, беше пласирана на 21-вото место во Серија Б, а потоа и испаѓање во Серија Ц1, но овој спортски резултат, сепак, бил фрустриран од неуспехот да се регистрираат за новата Лега Про Прима Дивизионе. Во август на 2008, новиот клуб бил купен од страна на Габриеле Волпи, поранешниот сопственик на Про Реко, и бил примен во Серија Д, лига 1.
Во Куќата на Славните на Фудбалскиот клуб Специја може да се види националната титула освоена во 1944. Овој успех беше официјално призната од страна на FIGC како почесна титула само во 2002, иако клубот е од лигурскиот регион тие всушност никогаш не играле со гореспомената конкуренцијата.