Список на градови во Македонија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонија има преку 70 % градско население, според што се наоѓа во средината меѓу државите во Европа. Меѓутоа, неповолна околност е концентрираноста на населението во неколку поголеми градови, при што во градското подрачје на Скопје живееe околу 30 % од населението во земјата.
Во земјата официјално има 34 градови, кои според бројот на жители се класифицираат на три групи. Од нив, 5 се големи, 18 се средни и 11 мали градови или гратчиња. Ова е список на градови во Македонија, кои се подредени по азбучен ред, а дадени се и информации за бројот на населението според пописот во 2021 година и површината којашто ја зафаќа градот.