Србија во средниот век
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историјата на Средновековната Србија го опфаќа средновековниот период во историјата на Србија. Периодот започнува во VI век со словенските миграции во Југоисточна Европа[1] и траел сè до османлиското освојување на српските земји во втората половина на XV век[2]. Периодот е продолжен и до 1537 година, кога Павле Бакиќ, последниот титуларен деспот на Србија во егзил, паднал во Битката кај Ѓаково[3].