Станислав Лем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Станислав Херман Лем (полски: Stanisław Herman Lem; Лавов, 12 септември 1921 — Краков, 27 март 2006 ) — полски писател, сатиричар, филозоф и футуролог. Тој е еден од најпознатите писатели и теоретичари на научна фантастика и најпреведуваниот полски писател.[1] Делата му се преведени на 41 јазик и продадени во над 27 милиони примероци и со тоа е најпреведуваниот автор на научна фантастика од едно неанглиско говорно подрачје. Во нив средишно место имаат филозофските теми, односно рефлексиите за технологијата, за природата на интелигенцијата, за неможноста од меѓусебна комуникација и разбирање, како и длабокиот песимизам поради ограничувањата што произлегуваат од природата на човекот и од неговото место во вселената.
Кратки факти Станислав Лем, Националност ...
Станислав Лем | |
---|---|
Станислав Лем во 1966 г. | |
Националност | Полјак |
Период | 1946–2005 |
Жанр | Научна фантастика, филозофија, сатира |
мрежно место | |
http://www.lem.pl |
Затвори