Тенис на Летните олимписки игри 2016
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тенискиот турнир на Летните олимписки игри 2016 година бил одржан во Олимпискиот тениски центар, од 6 до 14 август.[1] Турнирот се одиграл на брза тврда подлога која се користи на поголемиот број турнири кој се играат во Северна Америка со цел да не се нарушува календарот на играчите (кои веќе неколку седмици пред олимпијадата играат и тренираат на оваа подлога).[2]
Матична статија: Летни олимписки игри 2016.
Тенис на Летните олимписки игри 2016 | |
---|---|
Датум | 6–14 август |
Издание | 17-то |
Подлога | Тврда |
Место | Олимписки тениски центар |
Победници | |
Мажи поединечно | |
Енди Мари (GBR) | |
Жени поединечно | |
Моника Пуиг (PUR) | |
Машки двојки | |
Марк Лопес и Рафаел Надал (ESP) | |
Женски двојки | |
Екатерина Макарова и Елена Веснина (RUS) | |
Мешани двојки | |
Бетани Матек-Сандс и Џек Сок (USA) | |
Вкупно 172 играчи се натпреварувале во пет дисциплини: поединечно и во двојки во машка и женска конкуренција и мешани двојки. Олимписките тениски настани се организирани од страна на Бразилскиот олимписки комитет (BOC) и Меѓународната тениска федерација (ИТФ), а се дел од Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) и Женската тениска асоцијација (ВТА).
Олимпискиот турнир во 2016 година бил петнаесетто издание на тенис на Олимписките игри (со исклучок на две Олимпијади, во 1968 и 1984 година, кога тенисот бил демонстративен настан), и осми по ред од 1988 година, кога спортот бил официјално вратен на игрите.
За разлика од претходните изданија на олимпискиот турнир, олимпискиот турнир во 2016 не понудил бодови за светската ранг-списокот на играчите.
На игрите биле во употреба околу 32.000 тениски топчиња.[3]