Топкапи-сарај
дворец и музеј во Истанбул / From Wikipedia, the free encyclopedia
Топкапи-сарај (турски: [Topkapı Sarayı] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); отомански: طوپقاپو سرايى) — музеј во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година[2]. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно Море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.
Топкапи-сарај | |
---|---|
Topkapı Sarayıcode: tr is deprecated طوپقاپو سرايى | |
Поглед на Топкапи-сарај од Босфорот | |
Општи податоци | |
Вид | палата (1453–1853) сместување на службеници (1853–1924) музеј (1924–денес) |
Стил | османлиски, барокен |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°0′46.8″N 28°59′2.4″E |
Почната | 15 век |
Нарачател | османлиски султани |
Сопственик | Република Турција |
Технички податоци | |
Структурен систем | разни ниски згради опколени со дворови, павилјони и градини |
Големина | 592.600-700.000 м2 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Мехмед II, Алаудин, Давуд-ага, Мимар Синан, Саркис Балјан[1] |
Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на царството и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога царството било во своите најдобри години, во палатата живееле над 4.000 луѓе[2]. Самиот комплекс е поделен на четири дела или четири дворови со голем број на помали објекти како на пример џамија, болница, пекарница и ковачница.[2] Изградбата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II по заземањето на Цариград. Првично палатата била позната како Јени сарај или Нова палата, за да се разликува од Екси сарај или Старата палата. Името Топкапи (топовска порта[3]), палатата го добила според павилјонот кој се наоѓал на брегот. Целиот комплекс бил прошируван постојано со текот на годините, а како најголеми биле по земјотресот од 1509 година и по пожарот од 1665 година.
Во текот на 17 век, Топкапи-сарај постепено започнал да ја губи својата важност поради тоа што султаните претпочитале да го поминуваат времето во нивните нови палати на Босфорот. Во 1856 година, султанот Абдул Меџит решил резиденцијата да ја префрли во Долмабахче, како прва палата изградена според европски стил. Но, некои административни делови, како на пример на султанската ризница и библиотеката, останале во Топкапи. Во 1923 година Топкапи-сарај бил претворен во музеј. Денес, објектот претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Топкапи-сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.
Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во списокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси изграден во времето на Османлиите[4].