УЕФА Лига на шампиони
From Wikipedia, the free encyclopedia
УЕФА Лига на шампиони — најелитното годишно европско фудбалско клупско натпреварување, организирано од УЕФА. Натпреварувањето било создадено под името Куп на европските шампионите, или скратено Европски куп создаден во 1955 година, додавајќи групна фаза во натпреварувањето и дозволувајќи повеќе учесници од една земја. Тоа е едно од најпрестижните турнири во светот и најпрестижното клупско натпреварување во европскиот фудбалза најдобрите фудбалски клубови во Европа. Во 1992 година, натпреварување било ребрендирано во денешното име и добило нов формат на натпреварување. Финалето во 2013 година беше најгледаното финале на Лигата на шампионите досега, исто така и најгледаниот годишен спортски настан во светски рамки во 2013 година, привлекувајќи внимание на 360 милиони телевизиски гледачи.
УЕФА Лига на шампиони | |
---|---|
Организатор | УЕФА |
Основано | 1955; пред 69 години (1955) (ребрендирано во 1992 година) |
Регион | Европа |
Број на екипи |
|
Тековен | Манчестер Сити (1. титула) |
Најмногу титули | Реал Мадрид (14 титули) |
ТВ партнери | Список на емитувачи |
Мрежно место | uefa.com/uefachampionsleague |
Лигата на шампиони на УЕФА 2023/24 |
Пред 1992 година, турнирот службено бил наречен Купот на европските шампиони (англиски: European Champion Clubs' Cup; француски: Coupe des Clubs Champions Européens), но бил познат едноставно и како Европски куп. Натпреварувањето првично било само со нокаут натпревари во кое право на учество имале само клубовите прваци на секоја земја. Во текот на деведесеттите, форматот беше проширен, била воведена групна фаза и повеќе клубови. Најдобрите национални лиги во Европа давале и по четири претставници, и ќе носи и по пет претставници од сезоната 2015-16.
Со сегашниот формат, Лигата на шампионите започнува во средината на јули со три нокаут квалификациски рунди и плејоф рунда. Десетте екипи кои ќе успеат да ги поминат овие фази им се приклучуваат на останатите 22 екипи во групната фаза. 32те екипи се извлечени во осум групи од по четири екипи и играат меѓу себе преку систем дома-гости. Осумте прво пласирани екипи во групите како и осумте второпласирани се пласираат во нокаут фазата, која завршува со финален меч во мај. Победникот на УЕФА Лигата на шампиони се квалификува за УЕФА Супер купот и ФИФА Светско клупско првенство во фудбал.
Најуспешен клуб во историјата на натпреварувањето Реал Мадрид, освојувајќи го турнирот тринаесет пати, претходниот пат во 2017-18 сезоната, вклучувајќи ги првите пет сезони. Шпанските клубови имаат најмногу освоено титули (17), зад нив се Англиските и Италијанските (14). Турнирот е освоен од 21 различен клуб, од кој 13 ја имаат освоено повеќе од еднаш. Откако турнирот го смени своето име и структура во 1992 година, ниеден клуб не успеал турнирот да го освои последователно, последен што успеал да ја одбрани титулата бил Милан во сезоната 1989-90. ФК Челзи е моменталниот шампион, победувајќи го ФК Манчестер Сити во финалето во Порто на 29 мај 2021 со 1:0.