Удинезе Калчо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Удинезе Калчо е италијански фудбалски клуб од градот Удине, кој моментално се натпреварува во Серија А.
Удинезе | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Удинезе Калчо СпА | |||
Прекар | Малите зебри | |||
Основан | 1896 | |||
Локација | Удине, Италија | |||
Стадион | Стадион Фриули | |||
Капацитет | 30,642 | |||
Сопственик | Џампаоло Поцо | |||
Претседател | Франко Солдати | |||
Тренер | Андреја Сотил | |||
Лига | Серија А | |||
2021–22 | Серија, 12-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1896 година, под името Società Udinese di Ginnastica e Scherma. Традиционално, Удинезе настапува во црно-бели дресови, а своите домашни натпревари ги игра на Стадионот Фриули, кој е со капацитет од 30,642 места. Најголемите успеси на клубот во домашното првенство му се второто место во сезоната 1954-55, и третото место освоено во два наврати во сезоните 1997-98 и 2011-2012. Од успесите на Удинезе на меѓународната сцена можат да се издвојат освојувањето на Интертото купот во 2000 година, големиот број на учества во Купот на УЕФА, како и единственото учество во нивната историја во Лигата на шампионите во сезоната 2005-06.