Уметност на Третиот Рајх
From Wikipedia, the free encyclopedia
Уметноста на Третиот Рајх, односно официјално одобрената уметност создавана во нацистичка Германија помеѓу 1933 и 1945 година, го користела стилот романтичен реализам заснован на класични модели. Нацистите ги забранувале модерните стилови како изродени и промовирале слики и вајари кои биле тесно традиционални на изглед и ги воздигнувале вредностите на идеологијата заснована на концептот „крв и почва“ (Blut und Boden), односно расна чистота, милитаризам и послушност. Други популарни теми за нацистичката уметност биле народот (Volk) на работа во полињата, враќањето кон едноставните вредности на љубов кон татковината (Heimat), мажествените добродетели на националсоцијалистичката борба и фалење на женските активности на раѓање и одгледување деца (Kinder, Küche, Kirche = „Деца, кујна, црква“).
На сличен начин, музиката морало да биде тонална и ослободена од влијанието на џезот; филмовите и драмите биле цензурирани.
Нацистичката уметност има блиски сличности со советскиот стил на пропагандна уметност наречен социјалистички реализам, па понекогаш се користи поимот „херојски реализам“ за да ги опише двете во целина.
Познати уметници кои биле најмувани од нацистите биле вајарите Јозеф Торак и Арно Брекер, сликарите Вернер Пајнер, Адолф Висел и Конрад Хомел.