ФК Њујорк Ред Булс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Њујорк Ред Булс е американски професионален фудбалски клуб со седиште во Харисон, Њу Џерси, кој ја претставува Њујоршката метрополитенска област. Тимот се натпреварува во источната конференција во МЛС лигата. Тимот е еден од десетте чартер клубови на МЛС, откако се натпреварува во лигата од своето основање. Тие се едни од основачите на МЛС (во 1996), но клубот поминал низ неколку промени на името. Клубот првично бил познат како Њујорк / Њу Џерси Метростарс до 1997 година. Од сезоната 1998 до сезоната 2005, клубот бил познат како Метростарс. На 9 март 2006 година, тимот бил продаден на Red Bull GmbH, што доведува до сегашното име на тимот.
Њујорк Ред Булс | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Њујорк Ред Булс | ||
Држава | САД | ||
Прекар | Ред Булси , Метроси | ||
Основан | 1995 како Њујорк Метростарс | ||
Бои | црвена и бела | ||
Стадион | Ред Бул Арена Харисон, Њу Џерси | ||
Капацитет | 41,000 | ||
Сопственик | Red Bull GmbH | ||
Тренер | Крис Армас | ||
Лига | МЛС | ||
2018 | Источна Конференција: 1-ви Вкупно: 1-ви Плеј-оф: конф. финале | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Тие се само оригинална МЛС франшиза и досега немаат освоено никакви значајни трофеи (вклучувајќи ги регуларниот дел од сезоната, плејофот, и нокаут конкуренцијата) од почетокот. Најдобриот резултат на клубот во една МЛС сезона било достигнувањето до финалето на МЛС Купот во 2008 година. Во ЈУЕС Опен купот, Метростарс стигнал до полуфиналето трипати (1997, 1998, 2000), пред да стигне до своето прво финале во 2003, каде биле поразени со 1-0 од Чикаго Фајр. На 26 август, 2000, играчот на Метростарс Клинт Матис поставил рекорд во МЛС постигнувајќи пет гола на еден натпревар против Далас Брн.
Некои добро познати играчи кои играле за клубот се: Џовани Саваресе, Тим Хауард, Тони Меола, Теб Рамос, Алекси Лалас, Клинт Матис, Жози Алтидор, Мајкл Бредли, Клаудио Реина, Еди Поуп, Роберто Донадони, Лотар Матеус, Адолфо Валенсија, Јури Џоркаеф, Амадо Гевара, Хуан Пабло Анхел, Тјери Анри, Жунињо Пернамбукано, Јан Гунар Соли, Тим Рим, Рафаел Маркез и Тим Кејхил. Тимот исто така имал добро-познати тренери, вклучувајќи ги Карлос Кеирош, Карлос Алберто Пареира, Бора Милутиновиќ, Боб Бредли, Мо Џонстон, Брус Арина и Ханс Баке.[1][2]