ФК Брајтон енд Хоув Албион
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Брајтон енд Хоув Албион — англиски фудбалски клуб од Брајтон и Хоув, грофовијата Источен Сасекс. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, првото ниво на англискиот фудбал.
Брајтон енд Хоув Албион | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски Клуб Брајтон енд Хоув Албион | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Галеби | |||
Основан | 24 јуни 1901; пред 122 години (1901-06-24) | |||
Локација | Брајтон и Хоув, Англија | |||
Стадион | Фалмер | |||
Капацитет | 31,800[1] | |||
Претседател | Тони Блум | |||
Менаџер | Греам Потер | |||
Лига | Премиер лига | |||
2020–21 | Премиер лига, 16. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1901 година и првично настапувал во Јужната лига. Во 1920 година, Брајтон станал член на Фудбалската лига на Англија, минувајќи го најголемиот дел од својата историја помеѓу Третата и Втората дивизија. Најуспешниот период на клубот бил помеѓу 1979 и 1983 година, кога се натпреварувале во Првата дивизија (најсилната фудбалска лига на Англија во тоа време) и стигнале до финалето на ФА купот во 1983 година, во кое биле поразени од Манчестер Јунајтед во повторен натпревар.[2] Истата година, клубот испаднал од Првата дивизија. После долго чекање, во сезоната 2016-2017, Брајтон го освоил второто место во Чемпионшип и изборил промоција во Премиер лигата, враќајќи се во најсилното ниво на англискиот фудбал после 34 години отсуство.
Прекарот на клубот е Галеби, додека традиционалните бои се сина и бела. Од 2011 година, својте домашни натпревари ги игра на стадионот Фалмер; претходно од 1902 до 1997 играле на Голдстоун Граунд, потоа две години на Пристфилд, кој го делеле со екипата на Џилингем, а од 1999 до 2011 година играле на Витдин. Најголем ривал им е екипата на Кристал Палас.