ФК Евертон
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Евертон е англиски професионален фудбалски клуб од градот Ливерпул, Англија. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал. Клубот досега одиграл 118 сезони во највисоката дивизија, што е рекорд и тие исто така имаат играно во најсилната лига на Англија повеќе сезони од било кој друг клуб. Тие исто така биле шампиони на својата земја девет пати, што ги прави четвртиот клуб со најмногу трофеи во англиското првенство во историјата (зад Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал). Евертон биле дел од Првата дивизија (најсилната лига во тој момент) на англискиот фудбал од 1954 година, а потоа биле и меѓу основачите на Премиер лигата во 1992 година и оттогаш играат во истата лига без ниту еднаш да испаднат од неа.
Евертон | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Евертон | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Карамели , Сините | |||
Основан | 1878 како ФК Сент Домингос | |||
Бои | сина и бела | |||
Стадион | Гудисон Парк Ливерпул, Англија | |||
Капацитет | 40,157 | |||
Сопственик | Фархад Мошири | |||
Претседател | Бил Кенрајт | |||
Менаџер | Рафаел Бенитес | |||
Лига | Премиер лига | |||
2020–21 | Премиер лига, 10. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Формиран во 1878 година, Евертон бил еден од основачите на фудбалската лига на Англија во 1888 година и ја освоил својата прва титула во првенството две сезони подоцна. По четири лигашки титули и две победи во ФА Купот, Евертон доживеал затишје во периодот непосредно пред Втората светска војна до преродбата во 1960 година, со која клубот освоил две титули во лигата и една во ФА купот. Во средината на 1980-тите понесени од нивниот неодамнешен период на успех, во 1985 година клубот го освоил УЕФА Купот на победниците на куповите - нивниот прв континентален трофеј. За најголемиот и најважен трофеј на Евертон, сепак се смета титулата во ФА Купот во 1995 година кога го совладале Манчестер Јунајтед во финалето.
Поддржувачите на клубот се познати под името Евертонијанс. Евертон има голем клуб на обожаватели и редовно привлекува голем број на гледачи на својте натпревари, во просек повеќе од 36.000 луѓе по натпревар: што е 95% од капацитетот на стадионот. Тие имаат значајно соперништво со соседите Ливерпул и двата тима редовно играат натпревар за триумф во Дербито на Мерсисајд. Интересното е тоа што Ливерпул бил формиран во 1892 година од страна на отцепената група составена од поранешниот претседател на Евертон и неколку играчи. Спорот, исто така, резултирал со тоа што Евертон го оставил Енфилд, нивниот домашен терен во тоа време на Ливерпул. Потоа, клубот бил преместен на нивниот сегашен домашен терен, Гудисон Парк, од 1892 година. Плановите за преселба на нов стадион со капацитет од 50.000 седишта во Керкби на границата на градот Ливерпул биле блокирани од страна на јавна расправа во 2009 година.
Домашните бои на клубот се традиционално темна сина и бела, уште од сезоната 1901-1902. Нивниот најпознат играч е Дикси Дин, кој постигнал рекордни 60 гола во лигата во сезоната 1927-1928. Од 2000 година, клубот признат поради значајните поранешни играчи, и е номиниран за "Евертон гигант" на почетокот на секоја сезона.