ФК Милвол
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Милвол (англиски:Millwall Football Club) е англиски фудбалски клуб кој се натпреварува во Чемпионшип лигата. Седиштето на клубот е во Бермондси, во југоисточен Лондон. Својте натпревари клубот ги игра на стадионот Ден. Прекарот им е „Лавови“, а пред тоа ги нарекувале „Докери“ („Лучки работници“). Прекарот го промениле во 1900 кога стигнале до полуфиналето на ФА Купот. Тогаш го добиле новиот амблем со нацртан лав.
Милвол | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбал клуб Милвол | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Лавовите | |||
Основан | 3 октомври 1885 како Милвол Роверс од 1890-1910 како Милвол Атлетик | |||
Локација | Лондон, Англија | |||
Стадион | Ден | |||
Капацитет | 20,146 | |||
Сопственик | Милвол Холдингс | |||
Претседател | Џон Берилсон | |||
Менаџер | Гари Рувет | |||
Лига | Чемпионшип | |||
2019–20 | Чемпионшип лига, 8-ми | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
До полуфиналето на купот исто така стигнале и во 1903 и 1937 година. Таа година воедно Милвол станал првиот клуб од третата дивизија кој упеал да стигне до најдобрите четири тима во купот. Инаку својот најдобар пласман низ историјата во ФА Купот, Милвол го има во 2004 година кога стигнаа до финалето, предводени од тогашната ѕвезда на тимот Тим Кејхил, но таму загубија од Манчестер Јунајтед со убедливи 3-0.
Традиционалните дресови на екипата на Милвол се составени од сини маици и бели шорцеви.