ФК Миљонариос
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Миљонариос е професионален колумбиски фудбалски клуб со седиште во Богота, кој во моментов игра во Лига Постобон. Тие ги играат нивните натпревари на стадионот Ел Кампин.
Миљонариос | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Миљонариос Фудбал Клуб С.А. | ||
Прекар | Амбасадори, Сини. | ||
Основан | 18 јуни 1946 | ||
Стадион | Стадион Ел Кампин Богота, Колумбија | ||
Капацитет | 36,343[1] | ||
Претседател | Хуан Карлос Салдариага | ||
Тренер | Хуан Мануел Лиљо | ||
Лига | Категорија Примера А | ||
2013 | Апертура, 6-ти | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Тимот најпрво бил создаден во 1937 година од страна на учениците од две училишта во градот Богота: "Colegio San Bartolomé" и "Instituto La Salle". Миљонариос официјално бил основан на 18 јуни 1946 година, благодарение на напорите на Алфонсо Сениор Кеведо, првиот претседател на клубот.
Миљонариос ја има освоено колумбиската лига 14 пати. Тие се, исто така, третиот колумбиски тим кој успеал да освои меѓународен турнир, Копа Мерконорте во 2001 година. Од почетокот на колумбиската фудбалска лига Миљонариос има освоено најмногу многу домашни турнири, последниот наслов им е во 2012 година по 24 години чекање.
Клубот исто така е еден од само трите екипи кои играале во првата колумбиска лига во секоја сезона од нејзиното основање, заедно со своите традиционални соперници Индепендиенте Санта Фе и Атлетико Насионал.