ФК Наполи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Социета Спортива Калчо Наполи, едноставно наречен и ФК Наполи или само Наполи — италијански професионален фудбалски клуб со седиште во Неапол, Кампанија кој бил првично основан во 1904 година.[1] Клубот поминал поголем дел од нивната историја во највисокото ниво на италијанскиот фудбал,[1] па и во моментов се натпреваруваат во Серија А.
Наполи | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Сосиета Спортива Калчо Наполи С.п.А. | |||
Прекар | Наполитанци и Сини | |||
Основан | 1926 | |||
Локација | Неапол, Италија | |||
Стадион | Стадион „Диего Армандо Марадона“ | |||
Капацитет | 60,240 | |||
Сопственик | Аурелио Де Лаурентис | |||
Претседател | Аурелио Де Лаурентис | |||
Тренер | Лучано Спалети | |||
Лига | Серија А | |||
2022–23 | Серија А, 1. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Наполи, кој традиционално настапува во сини дресови и бели шорцеви, ја освоил Серија А двапати, првпат во сезоната 1986-1987, а потоа повторно и во сезооната 1989-90.[1] Покрај тоа, тие се трикратен победник на Купот на Италија. На европската сцена, Наполи го освоил Купот на УЕФА, триумф кој го постигнале во текот на сезоната 1988-89 и Интертото купот, кој е нивниот прв трофеј по повторно влегување во Серија А. Историски гледано, Наполи е деветтиот најуспешен клуб во италијанскиот фудбал и најуспешниот клуб во јужна Италија.[2]
Од првото појавување во 1904 година, клубот променил неколку имиња, од кои едното се случило по спојувањето со клубот Интернационале Наполи. Последната промена била во 2004, кога клубот доживеал банкрот, но повторно бил основан од страна на филмскиот продуцент Аурелио Де Лаурентис како Napoli Soccer. Почетокот на 2006 година, Де Лаурентис ја откупил целата нивната историја и клубот го вратил своето старо име Социета Спортива Калчо Наполи.