ФК Париз Сен Жермен
француски фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Париз Сен-Жермен, (на француски Le Paris Saint-Germain, се чита: Ле Пари Сен Жермен) е француски фудбалски клуб од Париз, кој моментално се натпреварува во првата Лига 1, првото ниво на францускиот фудбал. Својте домашни натпревари, клубот ги игра на стадионот Паркот на принцовите, кој е со капацитет од 48.713 места[1] и е дом на Париз Сен Жермен од 1974 година.[2]
Париз Сен Жермен | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Париз Сен Жермен Фудбал Клуб | ||
Држава | Франција | ||
Прекар | Les Parisiens (Парижани) Les Rouge et Bleu (Црвено - сини) | ||
Основан | 12 август 1970; пред 53 години (1970-08-12) | ||
Стадион | Паркот на принцовите | ||
Капацитет | 47,929 | ||
Сопственик | Катар Спортс Инвестментс | ||
Претседател | Насер Ал-Хелаифи | ||
Менаџер | Кристоф Галтије | ||
Лига | Лига 1 | ||
2021-2022 | Лига 1, 1-ви (шампиони) | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
Титули | 43 Лига 1 : 9 | ||
| |||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1970 година.[3] До денес ПСЖ е најуспешниот француски клуб во фудбалската историјата со 43 освоени трофеи. На домашната сцена, Парижаните освоиле девет титули од Лига 1, рекордни единаесет Купови на Франција, рекордни седум Лига купови на земјата, рекордни седум трофеи во Суперкупот на Франција и една титула во Лига 2. Во меѓународниот клупски фудбал, тие имаат освоено еден Куп на победниците на куповите и еден Интертото куп, а биле и финалисти во Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.[4].Основан во 1970 година, клубот е најзначаен за својот професионален тим за фудбал, кој игра на највисоко ниво во француското фудбалско првенство во, Лига 1. ПСЖ е исто така единствениот клуб што никогаш не испаднал од Лига 1, и е еден од само двата француски клуба кои освоиле голема европска титула,[5] а исто така претставува најпопуларен француски клуб.[6]
Боите на домашниот дрес на ПСЖ се црвена, сина и бела, а амблемот на клубот е составен од истите овие бои со Ајфеловата кула во средина. Париз Сен Жермен има долгогодишно соперништво со екипата на Олимпик Марсеј, со која играат дерби во францускиот фудбал, познато како Ле Класик.[7]
Во 2011 година, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, станал сопственик на клубот преку државната акционерска организација Катар Спортс Инвестментс (QSi).[8] Преземањето го направило ПСЖ најбогатиот клуб во Франција и еден од најбогатите во светот.[9]