ФК Реал Мадрид
шпански фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалски клуб Реал Мадрид (шпански: Real Madrid Club de Fútbol), попознат и како Реал Мадрид и Los Blancos (Белите) — професионален фудбалски шпански тим од Мадрид. Клубот е основан во 1902 година и игра во Шпанската Премиера. Тој е најуспешниот шпански клуб, со 35 национални шампионски титули, деветнаесет пати бил освојувач на Кралскиот куп (Копа дел Реј) и рекордни 15 пати победувал во Лигата на шампиони.[6] Реал Мадрид е еден од основачите на Г-14, која претставува група од 14 водечки екипи во Европа.[7]
Целосно име | Фудбалски Клуб Реал Мадрид Real Madrid Club de Fútbol[1] | |||
---|---|---|---|---|
Прекари | Los Reyes (Kралевите) Los Blancos (Белци) Los Merengues (Меренги) Los Vikingos (Викинзи)[2] | |||
Основан | 6 март 1902; пред 122 години (1902-03-06) како Фудбалски Клуб Мадрид[3] | |||
Стадион | Сантјаго Бернабеу (Капацитет: 85,454[4]) | |||
Претседател | Флорентино Перес | |||
Тренер | Карло Анчелоти[5] | |||
Лига | Ла лига | |||
Ла лига 2021-22 | 1-во место | |||
Мреж. место | Службено мрежно место | |||
| ||||
Клубот своите домашни натпревари ги игра на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид. На 23 декември 2000 година, ФИФА го наградила кралскиот тим со наградата “Најдобар клуб во 20 век“.[8][9] Реал Мадрид е најуспешниот тим во сите натпреварувања организирани од УЕФА, со освоени 10 титули во Лигата или Купот на Шампионите и две во Купот на УЕФА.[10]
Реал Мадрид е најголем и најуспешен фудбалски тим во светот според истражувањето на Универзитетот Харвард спроведено во 2007 година.[11].Исто така е еден од најбогатите во светот.[12][13]