ФК Ренџерс
Шкотски фудбалски клуб од Глазгов / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ренџерс Фудбал клуб или ФК Ренџерс е фудбалски клуб со седиште во Глазгов, Шкотска кој игра во третата дивизија на Шкотскиот фудбал. Нивниот домашен терен е Иброкс стадионот со капацитет од 50,817 места за седење и се наоѓа со седиште во југозападниот дел на Глазгов.
Ренџерс | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Ренџерс Фудбал клуб | |||
Прекар | The Gers, '"The Light Blues'", '"The Teddy Bears'", '"Bluenoses'" | |||
Основан | Март 1872 | |||
Стадион | Иброкс Стадион Глазгов, Шкотска | |||
Капацитет | 50,817 | |||
Претседател | Дејв Кинг | |||
Тренер | Стивен Џерард | |||
Лига | Премиер лига на Шкотска | |||
2021-2022 | Премиер лига, 2. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Основан во 1872 година, Ренџерс беа еден од десетте основачи на шкотската фудбалска лига, и останаа во неа сè до крајот на сезоната 2011-12 , при што компанијата оди под стечај при што стапува во администрација. По неуспехот да се договорат за порамнување со доверителите, средствата на Ренџерс биле купени од страна на конзорциум со кој Ренџерс доби зелено светло од Шкотската фудбалска асоцијација за членството и повторно лансирање на клубот со Сопственост на Ренџерс од новата компаниска структура. Иако барањето за прием на Ренџерс во шкотската Премиер лига било одбиено, тимот сепак беше успешно примен во шкотската фудбалска лига и започнува како еден од тимовите во третата дивизија за сезоната 2012-13.
Во домашниот фудбал Ренџерс имаат освоено повеќе титули во лигата и Требли од било кој друг клуб во светот, освојувајќи ја титулата 55 пати, шкотскиот куп 33 пати и шкотскиот Лига Куп 27 пати, и постигнувајќи требл (освојување на сите три купа во иста сезона) седум пати. Во европскиот фудбал, Ренџерс бил првиот британски клуб кој успеал да стигне до финале на УЕФА турнир. Тие го освоија Купот на Победниците на Куповите во 1972, а беа и финалисти на двапати во 1961]и 1967. Третпат финалисти на едно европско натпреварување беа во 2008 година во Купот на УЕФА.
Ренџерс имаат долгогодишна соперништво со Селтик, двата клуба од Глазгов се колективно познати како Олд Фирм, од крајот на 19 век.