ФК Сидтирол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбал Клуб Сидтирол, познат уште како Сидтирол-Алто Адиџе, Сидтирол Болцано-Бозен или само Сидтирол — италијански фудбалски клуб од Болцано, регионот Трентино-Јужен Тирол. Моментално се натпреварува во Серија Б, второто ниво на италијанскиот фудбалски систем, откако во сезоната 2021-2022 за првпат во својата историја клубот изборил промоција во оваа дивизија.
Сидтирол | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Фудбал клуб Зудтирол | ||
Прекар | Бјанкороси (бело-црвени) Тиролези (Тиролци) | ||
Основан | 1974 | ||
Стадион | Стадион Друзо Болцано, Италија | ||
Капацитет | 5,500 | ||
Претседател | Герхард Компер | ||
Тренер | Федерико Валенте | ||
Лига | Серија Б | ||
2022-2023 | Серија Б, 6-ти | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Сидтирол бил основан во Бресаноне во 1974 година како дел од спортскиот клуб Шпорт Ферајн Миланд, но во 1995 година се одвоил од „матичната компанија“, кога бил и преименуван во ФК Сидтирол-Алто Адиџе и ги прифатил белата и црвената боја како свои клупски бои; потоа името било скратено во ФК Сидтирол во 2000 година, годината на професионално деби на клубот и неговата преселба во Болцано. Новото име ја симболизира намерата на клубот да го претставува не само главниот град, туку и целата територија во соодветната провинција.
Сидтирол е еден од најуспешните клубови во италијанскиот регион Трентино-Јужен Тирол и има најмногу сезони поминати во професионалните лиги во Италија. Со освојувањето на групата А во Серија Ц 2021-2022, клубот ја добил својата прва историска промоција во Серија Б, станувајќи единствениот клуб од Трентино-Јужен Тирол што постигнал слична цел откако првенството се игра во една група (претходно само Болцано одиграл една година во Серија Б, во сезоната 1947-1948). Во сезоната 2022-2023, откако многу пред крајот на првенството го обезбедил опстанокот (играјќи дури во плејофот за промоција во Серија А), Сидтирол поставил апсолутен и невиден рекорд за регионалниот фудбал, потврдувајќи го своето учество во второто ниво на италијанскиот фудбал за втора година по ред.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Друзо, кој има капацитет од 5,500 седечки места.