ФК Фулам
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Фулам е професионален фудбалски клуб од Фулам, Лондон, Англија. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисоката лига по ранг во англискиот фудбал.
Фулам | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Фулам | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Котиџерс | |||
Основан | 1879 | |||
Бои | бела и црна | |||
Стадион | Крејвен Котиџ Лондон, Англија | |||
Капацитет | 25,700 | |||
Сопственик | Шахид Кан | |||
Претседател | Шахид Кан | |||
Менаџер | Скот Паркер | |||
Лига | Премиер лига | |||
2018–19 | Премиер лига, 19. место (испаѓање) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1879 година и претставува најстариот професионален фудбалски клуб од Лондон кој заиграл во фудбалската лига.[1] Досега, клубот има поминато 26 сезони во највисокото ниво на англискиот фудбал, а поголемиот дел од нив во два периоди во текот на 1960-тите и 2000-тите години. Во текот на 1990-тите клубот играл во четвртата англиска дивизија, меѓутоа веќе на почетокот на новиот милениум експресно се вратиле во првата лига. За тоа бил најзаслужен египетскиот милионер Мохамед Ал-Фајед кој го преземал Фулам во најлошиот период од клупската историја (1994-1997) и успеал да спречи финансиска пропаст, за веќе во наредните четири години клубот да забележи четири последователни промоции во периодот од 1997 до 2001 година и да влезе во Премиер лигата. Во сезоната 2002-2003, Фулам дебитирал во европските натпреварувања каде го освоиле Интертото купот (победувајќи ја по двата финални натпревари Болоња со вкупен резултат 5-3) и така се избориле за настап во Купот на УЕФА. Во ова натпреварување поминале два круга, меѓутоа во третиот ги сопрела екипата на Херта. Во својата историја Фулам одиграл две важни финалиња: првото во 1975 година во ФА купот каде загубиле од Вест Хем Јунајтед со 2-0 и во 2010 кога загубиле од Атлетико Мадрид со 2-1 по продолженија во УЕФА Лига Европа.[2]
Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Крејвен Котиџ, кој е со капацитет од 25,700 седечки места. Боите на клубот се белата и црната, а најчесто играат во бели дресови и црни шорцеви. Најголем соперник им е екипата на Челси.