Фердинанд I
бугарски владетел / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фердинанд Сакс-Кобург-Готски (германски: Ferdinand Maximilian Karl Leopold Maria von Saxe-Coburg und Gotha; 26 февруари 1861 г. во Виена - 10 септември 1948 г. во Кобург) — кнез во периодот од 1887 г. до 1908 г. и цар на Бугарија во периодот од 1908 г. до 1918 г.
- За други значења на поимот, видете Фердинанд I (појаснување).
Фердинанд I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на Бугарите | |||||
На престол | 7 јули 1887 - 3 октомври 1918 | ||||
Крунисување | 2 август 1887 | ||||
Претходник | Александар I Батенберг | ||||
Наследник | Борис III | ||||
Почивалиште | Црквата Свети Августин, Кобург | ||||
Жена |
| ||||
| |||||
Династија | Сакскобургготски | ||||
Династија | Сакскобургготски | ||||
Татко | Аугуст фон Сакс-Кобург-Гота и Кохари | ||||
Мајка | Клементина Бурбон-Орлеанска |
Тој бил син на принцот Август Сакскобурготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип. По падот на Стефан Стамболов и Мелничкото востание, кнезот Фердинанд бил признаен за законит владетел. На 22 септември 1908 г., во црквата "Свети Четириесет маченици" се одржала грандиозна верска свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „цар на Бугарите“, со што била возобновена титулата од Првото и Второто Бугарско Царство. На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите за да не им овозможи да биде срамно соборен. На 3 октомври 1918 г.,Фердинанд I абдицирал во корист на својот најстар син Борис. Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил.