Фленсбург
град во Шлезвиг-Холштајн, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фленсбург (германски: Flensburg, дански: Flensborg, долногермански: Flensborg, севернофризиски: Flansborj) — слободен град (kreisfreie Stadt) во северниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија. По Кил и Либек е трет најголем град во Шлезвиг-Холштајн, најголем град во областа Шлезвиг и најсеверен слободен град во Германија. Фленсбург се наоѓа на крајот на Фленсбуршкиот Фјорд и на северната граница на полуостровот Ангелн.
Фленсбург | |
Градското пристаниште на Фленсбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Урбан округ |
Градски единици | 13 градски окрузи |
Градоначалник | Зимон Фабер (SSW) |
Основни податоци | |
Површина | 56,38 км2 |
Надм. височина | 12 м |
Население | 89.934 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 1.595 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FL |
Пошт. бр. | 24901–24944 |
Повик. бр. | 0461 |
Портал | www.flensburg.de |
Местоположба на градот Фленсбург во Шлезвиг-Холштајн | |
Координати | 54°46′55″N 9°26′12″E |
Како средиште на данското малцинство во Јужен Шлезвиг, Фленсбург зел водечка улога за признавање на националните малцинства по референдумското изјаснување во 1920 година и по објаснувањето помеѓу Бон и Копенхаген во 1955 година, содржејќи многу дански институции. Од не толку мал дел од околу 90.000 жители, покрај германскиот и данскиот јазик, се говорат и долногерманскиот и дијалектот пету.
Во рамките на Германија, градот е познат по службата за патен сообраќај, чие седиште е во градот, Фленсбуршкото пиво и ракометниот клуб РК Фленсбург-Хандевит. Поранешните главни носители на растот во XIX и XX век како трговијата со рум и воената настава, со поморската школа Фленсбург-Мирвик, денес играат незначителна улога. Од големо значење за градот се граничниот туризам, Фленсбуршкото пристаниште со историското пристаниште и бродоградилиштето, како и 8.600 студенти на Високата школа Фленсбург и Европскиот универзитет Фленсбург.
Во мај 1945 година, Фленсбург бил место на последната влада на Нацистичка Германија, т.н. Фленсбуршка влада предводена од Карл Дениц[2], кој владеел од 1 мај (смртта на Хитлер) една недела додека германската војска не се предала и градот бил окупиран од сојузничките сили. Режимот бил официјално распуштен на 23 мај.
Најблиски поголеми градови се Кил (86 км на југ) и Оденсе во Данска (92 км на североисток). Центарот на градот се наоѓа 7 километри од данската граница.