Франки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Франките (латински: Franci или gens Francorum) се група на германски племиња, кои дошле од Фризија и се населиле во доцната Римско Царство како федерати. Првите населувања за франките се околу 3 век. Тие создале држава на територијата на дел од современа Франција и Германија (Франконија).
Во текот на 358 година веќе постоеле два франкиски сојуза: рипуарски и салиски. Во текот на триесеттите години на 4 век Салиските Франки искористувајќи ја влошената состојба во Империјата ја зголемиле својата територија сè до реката Сома. Со Хлодовик I (481 - 511 година) Франките ја разбиле римската армија на Галија, Сијагриј во Битката кај Соасон во 486 година. Во 496 година Хлодвиг и неговото семејство се покрстило и христијанството станало официјална религија помеѓу Франките. Тој наредил да биде направен запис на обичното право. Неговите наследници исто така се трудиле да се придржуваат до римските институции, сè со цел да си ја легитимират својата власт, а Карло Велики бил прогласен и за император од страна на римскиот папа. Франкиското царство е единственото варварско царство, кое „преживеало“ и дало почеток на едно современо европско кралство.
Франкиската држава претрпела мноштво поделби. Бидејќи на франките им недостасувал моделот на res publica, тие во државата гледале дел од својата сопственост и согласно нивните обичаи ја разделувале на своите потомци, односно на синовите. Оваа практика донекаде ја објаснува тешкотијата при точниот опис на датите и физичките граници на франкиските кралства и владетелите на одделните делови на кралството.