Френк Гери
From Wikipedia, the free encyclopedia
Френк Овен Гери, (роден како Френк Овен Голдберг; р. 28 февруари 1929 )[1] — американски архитект роден во Канада, кој живее и работи во Лос Анџелес.
Френк Гери | |
---|---|
(2010) | |
Роден(а) | Френк Овен Голдберг 28 февруари 1929(1929-02-28) (95 г.) Торонто, Онтарио, Канада |
Националност | Канаѓанец, Американец |
Установа | Универзитет на Јужна Калифорнија |
Ателје | Гери Партнерс |
Голем број од неговите згради, вклучувајќи го неговиот приватен дом, станаа светски познати знаменитости. Неговите дела се сметаат за едни од најважните на современата архитектура во анкетата World Architecture Survey спроведена од страна на Vanity Fair во 2010, во која беше наречен и "најважниот архитект на нашето време".[2]
Најпознатите дела на Гери вклучуваат музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија; Концертната сала Волт Дизни во центарот на Лос Анџелес; Луи Витон фондацијата во Париз, Франција; МИТ Реј и Марија Стата центар во Кембриџ, Масачусетс; Вонц центарот за молекуларни студии на кампусот на Универзитетот на Синсинати; Музеј на поп-културата во Сиетл; концертната хала Нов светски центар во Мајами Бич; Вајсман музејот на уметноста на Универзитетот на Минесота во Минеаполис; Танцувачката куќа во Прага; Витра дизајн музејот и Марта Херфорд музејот во Германија; Уметничката галерија на Онтарио во Торонто; Cinémathèque Française во Париз; и 8 Spruce Street во Њујорк.
Неговата кариера започна по изведбата на неговиот приватен дом во Санта Моника, Калифорнија. Гери, исто така, е проектант на идниот национален Меморијал на Двајт Д. Ајзенхауер.[3]