Храна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Храна е секоја супстанца која е искористена за да обезбеди хранлива поддршка на телото. Најчесто е од растително или животинско потекло, а содржи есенцијални хранливи материи, како што се: јаглехидрати, масти, белковини, витамини или минерали. Супстанцата се внесува во организмот, а се искористува од страна на клетките на организмот за да произведе енергија, да го одржи организмот во живот и да го стимулира растот.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Историски гледано, луѓето снабдувале храна преку два методи: лов, собирање плодови и земјоделство. Денес, исхраната на најголемиот дел од населението е обезбедена од прехранбената индустрија во која доминираат мултинационалните корпорации кои се занимаваат со интензивно сточарство и индустриско земјоделство за да го зголемат производството.
Безбедноста и сигурноста на храната се следи од страна на национални и меѓународни регулаторни агенции, како на пример, Меѓународната асоцијација за заштита на храната, Светскиот институт за ресурси, Светската програма за храна и земјоделство и Советот за меѓународни информации за храна. Тие се занимаваат со прашањата како што се: одржливост, биолошката разновидност, климатските промени, растот на населението и пристап до храната. Правото на храна е човеково право кое произлегува од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, признавајќи го „правото на соодветен стандард на живеење, вклучувајќи соодветна храна“, како и „основното право да се биде ослободен од глад“.