Чак Дејли
Американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Чарлс Џером „Чак“ Дејли (роден 20 јули, 1930 во Света Мери, Пенсилванија) — бивш американски кошаркарски тренер. Тој е прославен како тренерот на Детроит Пистонс цели девет години, здобивајки се со едно-подруго НБА-титули во 1989 и 1990, и исто така е познат како тренерот на оригиналниот Дрим тим на ЛОИ 1992 во Барселона. За време на својата 14-годишна НБА-кариера, тој бил тренер и на Кливленд Кавалиерс, Њу Џерси Нетс и Орландо Меџик. Тој бил примен во Кошаркарската куќа на славните во 1994.