Читач на е-книги
From Wikipedia, the free encyclopedia
Читач на е-книги (наречен и е-читач) — електронски уред предвиден за читање на дигитални е-книги и е-списанија, користејќи ја технологијата наречена „е-мастило“ (англ. e-ink) за приказ на содржината. Главните предности на овие уреди е преносливоста, читливоста на екраните при сончеви услови и долготрајност на батериите. Секое лично дигитално помагало (ЛДП или PDA) што може да прикажува текст на екран може воедно да биде и читач на е-книги, но без предностите што ги овозможува посебниот е-мастилен екран.