Шанел
Француска модна куќа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шанел С.А. општо познат како ¨Шанел¨ е париска модна куќа основана од познатата дизајнерка Габриел Коко Шанел, позната како една од најдокажаните во високата мода,особено во луксузните производи (висока мода, облека, ташни, парфеми и козметика). Таа го добила името ¨Коко¨ додека ја стекнувала ариерата како пејачка во кафе-шоп во Франција. Шанел секогаш се усовршувала во работите како на пример едноставни костуми, фустани, женски пантолони и накит. Визијата на Коко Шанел отсекогаш била да ги замени богатите секси парчиња со едноставни работи кои ја изразуваат елеганцијата. Нејзините дизајни и творби се вечни имајќи предвид дека основните силуети постојано се пренесуваат од генерации на генерации. Денес, Шанел е најпозната со "little black dress" која стана битно парче во секој женски плакар. Според Форбс, Ален Вертејмери Жерард Верејтмер се првите поседувачи на куќата Шанел кои се и внуци на Пјер Вертејмер (партнер на Шанел од далечната 1924 година).
Бутикот Шанел на плоштадот Вандом во Париз | |
Вид | приватно претпријатие |
---|---|
Дејност | мода |
Основано | 1909 / 1910 |
Основач | Коко Шанел |
Седиште | , |
Опслужувани подрачја | Секаде во светот |
Клучни личности | Ален Вертејмер, ко-сопственик Жерард Вертејмер, ко-сопственик Карл Лагерфилд, Главен дизајнер |
Производи | Парфем, Накит, Модни додатоци |
Доход | 17.224.000.000 aмерикански долар (2022) |
Оперативен доход | 5.776.000.000 aмерикански долар (2022) |
Нето-доход | 4.596.000.000 aмерикански долар (2022) |
Мреж. место | www.chanel.com |
- За други употреби, видете Шанел(појаснување).
Компанијата има имано славни и познати личности кои биле нивни заштитни лица, вклучувајќи ги Катрин Денов (1970-1980 која е заштитно лице на Chanel No.5), Карол Букет (1990 заштитно лице за Chanel No.5), Ванеса Парадис (заштитно лице за парфемот Coco), Никол Кидман (во раните 2000 ти лице за Chanel No.5), Одри Тоту (сегашно заштитно лице за Chanel No.5), Кјара Најтли (сегашно лице за Coco Mademoiselle) и најпознатата Мерилин Монро (1950 заштитно лице на парфемот Chanel No.5) слкана прскајќи се со пафемот Chanel No.5. Моментално сликата е најпозната од сите реклами за Шанел и продолжува да биде една од најпопуларните рекламни фотографии во историјата на маркетингот, која е користена во безбројни биографии и сè уште е најпродавана во широки размери како постер и уметничко дело на Мерелин Монро како модел. Мерилин Монро го донесе парфемот до слава.