Шкода Ауто
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шкода Ауто (чешки: Škoda Auto) — автомобилски производител кој бил основан во 1895 година како Лаурин & Клемент. Неговото седиште е во Млада Болеслав, Чешка.
Вид | Приватна компанија |
---|---|
Дејност | Автомобилска |
Претходник | Laurin & Klement |
Основано | 18 декември 1895; пред 128 години (1895-12-18) |
Основач | Вацлав Лаурин & Вацлав Клемент |
Седиште | Млада Болеслав , |
Опслужувани подрачја | Европа, Јужна Америка, Африка, Среден Исток, Азија-Тихоокеанија |
Клучни личности |
|
Производи | Автомобили |
Производствен обем | ▲ 1,253,700 единици (2018)[1] |
Доход | ▲ € 16.559 милијарди (2017)[2] |
Оперативен доход | ▲ € 1.611 милијарди (2017)[2] |
Нето-доход | ▲ € 1.274 милијарди (2017)[2] |
Вкупно актива | ▲ CZK 228.180 милијарди (2016)[3] ▲ (US$ 8.89 billion) |
Вк. капитал | ▲ CZK 137.580 милијарди (2016)[3] ▲ (US$ 5.36 billion) |
Вработени | ▲ 32,985 (2017)[2] |
Матично претпријатие | Фолксваген |
Одделенија | Шкода Моторспорт |
Подружници | Шкода Ауто Германија Шкода Ауто Индија Шкода Ауто Словенија |
Мреж. место | skoda-auto.com |
Во 1925 година, Лаурин и Клемент бил купен од индустрискиот конгломерат „Шкода“[4] станувајќи во сопственост на државата во 1948 година. По 1991 година компанијата постепено била приватизирана, од 1994 година е Членка на групацијата Фолксваген од Германија, а од 2000 година подружница во целост[5].
Автомобилите на Шкода се продаваат во повеќе од 100 земји, а во 2018 година вкупната глобална продажба достигнала 1,25 милиони единици, што претставува зголемување од 4,4% од претходната година[1]. Оперативната добивка изнесувала 1,6 милијарди евра во 2017 година, што претставува пораст од 34,6% во однос на претходната година[6][7]. Почнувајќи од 2017 година, профитната маргина на Шкода е втора највисока од сите брендови на Фолксваген по онаа на Порше[8].