1. ФК Нирнберг
германски фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
1. ФК Нирнберг (германски: 1. FC Nürnberg; или само Нирнберг) е германски фудбалски клуб од градот Нирнберг, Баварија. Клубот во моментов се натпреварува во Втората Бундеслига, второто ниво на германскиот фудбал.
1. ФК Нирнберг | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | 1. Фузбал-клуб Нирнберг Ферајн фир Леибесибунген e.В. | |||
Прекар | Der Club (Клубот) Die Legende (Легендите) | |||
Основан | 4 мај 1900; пред 123 години (1900-05-04) | |||
Локација | Нирнберг, Германија | |||
Стадион | Макс Морлок | |||
Капацитет | 50,000 | |||
Претседател | Маркус Реслер | |||
Финансиски директор | Нилс Росоу | |||
Тренер | Јенс Келер | |||
Лига | 2. Бундеслига | |||
2018–19 | Бундеслига, 18-ти (испаѓање) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
1. ФК Нирнберг е основан во 1900 година, и првично се натпреварувал во првенството на Јужна Германија, во кој ја освоил титулата во 1916 година. Својата прва титула германски шампион ја освоиле во 1920 година. Пред инаугурацијата на Бундеслигата во 1963 година, Нирнберг освоил уште 11 регионални првенства, вклучувајќи ја и Оберлигата Југ формирана во 1945 година, и биле германски шампиони уште седум пати. Клубот ја освоил Бундеслигата еднаш и бил уште четири пати победник на Купот на Германија.
Од 1963 година, својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Макс Морлок, кој има капацитет од 50,000 седечки места. Најчесто играат во бордо дресови и црни шорцеви.
Освен фудбалот, клубот има свој оддели за бокс, ракомет, хокеј, лизгање на мраз, пливање, скијање и тенис.