Tekken (франшиза)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Текен (јап. 鉄拳code: ja is deprecated ) е јапонска мултимедијална франшиза фокусирана на борбени и аркадни видеоигри создадени и издадени од Бандаи Намко Ентертејнмент. Франшизата вклучува филмски и печатени изданија.
ТЕКЕН Tekken (鉄拳) | |
---|---|
Лого | |
Жанр(ови) | Борење |
Изработувач(и) |
|
Издавач(и) |
|
Автор(и) |
|
Подлоги |
|
Прво издание | Tekken 9 декември 1994 г., Јапонија |
Последно издание | Tekken 7 2 јуни 2017 г., Меѓународно |
Главните игри во серијата ги следат настаните од турнирот „Крал на железната тупаница“, одржан од измислената компанија „Мишима заибатсу“, во која што играчите можат да одберат и контролираат мноштво ликови за да го освојат турнирот и да добијат контрола врз компанијата; конфликтот во семејството Мишима служи како главен заплет на серијата, додека играчите ги дознаваат целите и мотивациите и на другите ликови за контрола на Мишима Ко.
Гејмплејот се фокусира на блиска борба со различни боречки вештини (неколку измислени), со екстремно точен систем на борба кој, освен огромен број на напади, вклучува блокови за истите, зафати и фрлања, ескивирања и борба на подот. Серијата подоцна вовела комбоа и специјални потези, а ликовите можат, во одреден миг, и да го искршат подот на арената, иако ова е само визуален ефект. Tekken е забележана како една од првите борбени игри кои користеле 3D анимација.
Јапонскиот развивач на видеоигри, Намко, го започнал серијалот во 1994 година, со објавувањето на првата истоимена игра. Заклучно со 2017 година, постојат девет последователни игри (вкупно 10), осум спин-оф игри, и постојат три адаптации како играни филмови и други медиуми. Tekken 2, како и третата игра Tekken 3, се сметаат за камен темелници; тие добиле критичко признание за гејмплејот и за задлабочено искуство. Следните наслови го следеле овој концепт и добиле генерално позитивни критички одговори.
Серијата е универзално признаена и комерцијално успешна, испорачувајќи повеќе од 50 милиони копии, што ја прави една од најпродаваните франшизи на видеоигри на сите времиња, и третата најпродавана франшиза за борбени игри во историјата.[1] Главната серија е широко наведена од критичарите и публикациите за видеоигри како најголем фактор за подигање на стандардите на борбените игри, фалејќи ја нејзината гејмплеј механика и можноста за снимање на борбата.