USB HUB
From Wikipedia, the free encyclopedia
USB хаб е уред што расчленува еден USB порт на повеќе , така што се достапни порти со кои уредот може да се поврзе на домаќин-системот.
USB хабoвите често се вградуваат во опрема како што се компјутери, тастатури, монитори или печатачи. Кога таков уред има многу USB порти сите тие најчесто произлегуваат од еден или два внатрешни USB хабови, наместо секоја порта да има свое независно USB коло.
Физички одвоени USB хабови ги има во широк спектар на форми: од надворешни кутии (кои изгледаат слично на мрежни центри) коишто можат да се поврзат со долг кабел, до мали дизајни кои дирекно можат да бидат вклучени во USB порта (види слика на компактен дизајн). Во средишниот дел има "краток кабел" хабови кои обично користат интегрален 6 инчен кабел за малку да го оддалечат застојот од малиот центар на физичката порта и секако да го зголемат бројот на порти.
Лап-топ компјутерите можат да бидат опремени со многу USB порти, но надворешен USB хаб може да соедини неколку секојдневни уреди (како глувче и печатач) во еден хаб за да овозможи прикачување и отстранување на сите уреди во еден чекор.