Ѕид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕид — вертикална градба која може да биде самостојна или дел од поголем објект и која служи за потпора, заштита, засолниште или за определба на граници. Кога е дел од куќа служи за да го разделува просторот на одделни соби, а понекогаш ги носи останатите делови на куќата. Во случај на отворен простор игра улога на ограда.[1] Постојат неколку вида ѕидови: носечки, преградни, оградни и потпорни.
Кај градежните објекти, главната улога на ѕидот е да го носи покривот и таванот. Денес ваквите ѕидови имаат посложен состав, бидејќи содржат изолација, арматура, и можат да бидат обложени со друг слој како гипскартон или ламперија. Покрај ова, во нив се вметнуваат инфраструктурни елементи како електрична инсталација и водовод. На ѕидовите се поставуваат приклучоци, прекинувачи, разводници, чешми, се бесат слики, телевизори итн.
Внатрешните ѕидови можат да бидат уметничко дело, како што е случај со фрескописот и релјефот во верските објекти, мозаик и мурали.